Можеме ли е да си го заштитме највредното?
Нашето културно и историско богатство со кое се гордееме, оставено на милост и немилост. Мал број верски објекти и друг црковен имот, осигурани.
Ако овие објекти имаат непроценлива културолошка вредност, нивната материјална вредност може да се одреди. И покрај изјавите на високи црковни лица дека нивно осигурување не е можно, претставници на македонските осигурителни компании го тврдат спротивното.
Дали македонските сахрални објекти се обезбедени од ризици? Требаше ли да ни се случи трагедија како пожарот во манастирот „Св.Јован Бигорски“,за да се запрашаме колку е заштитено нашето културно наследство? Штетата која во овој случај беше направена е проценета на околу 5 милиони евра. Нашето културно наследство во изминатиов период беше предмет и на неколку сериозни кражби, од што не се знае колкава е висината на штетата. Овие примери се причина повеќе да го осигуриме нашето богатство.
Катедралната црква Св. Софија е еден од сахралните објекти во градов кој не е осигурен. Барање за осигурување на црковниот имот секоја црква поднесува поединечно. Осигурителните друштва вршат осигурување на вакви објекти како и за секој друг обичен станбен објект, а исклучиво на барање на црквата. Досега многу мал број цркви доставиле барања за осигурување.
Една од црквите во градов која доставила барање за осигурување и е осигурана како градежен објект е црквата Св. Ѓорѓија. Од МПЦ информираат дека заштитата на објектите од културно и историско значење треба да биде по друга основа. Отаму не се согласуваат црквите да бидат осигурани како обични градежни објекти. Со ваквиот став согласни и експертите. Директорот на НУ „Др. Никола Незлобински“ , Доцент Др Сашо Цветкоски, потенцира дека станува збор за чувствителен процес на осигурување поради духовната и уметничата вредност на овие објекти и предметите во нив.
„Тешко дека некои од моќните осигурителни компании навлегуваат во едни такви аранжмани, зошто станува збор за големи пари, а вредноста на тие реликвии е онаа духовната, не матерјалната на која се става цена“, додава Цветкоски.
Осигурителните компании пак, тврдат нешто друго. Осигурувањето на црквите не е исклучено и е можно. Тим менаџерот на подружницата од најголемата македонска осигурителна компанија „Кјуби“ Зоре Николоски, вели дека од оваа осигурителна компанија целосно се подготвени да го преземат осигурувањето на било која црква или друг сахрален објект, без разлика на неговата метеријална, духовна и уметничка вредност.
Николоски додава дека и најмалото осигурување е добро осигурување, па дури и доколку се прави како осигурување на обичен градежен објект. Осигурувањето уметнички предмети не е непозната практика во Македонија и тоа се прави најчесто преку осигурувањето на имот во кое се врши и проценка на внатрешниот имот. За овој вид осигурување задолжително се врши и реосигурување, од страна на други осигурителни компании, кои пак прават дополнителни проценки на вредноста на осигураниот предмет.
{loadposition content9}