„Алхемија на дивината“, е мултимедијален и локациски специфичен перформанс во Вевчани, кој има за цел да ги трансформира патеките на живописното Вевчани и Вевчанските извори. Премиерата ќе се одржи во среда во 19 часот, а втората и третата изведба ќе се одржат во четврток во 12, односно во 19 часот.
–Додека го истражувате Вевчани и Вевчанските извори, околу вас ќе се создаваат магични приказни од алтернативни реалности. Нурнете во овие наративи на еден час, за време на настапот во живо, или препуштете се на една подолга авантура која ветува трансформативно патување. „Алхемија на дивината“ ве предизвикува да размислувате за природата на времето, конечноста и постоењето, поттикнувајќи интроспекција за тоа како сме живееле и како живееме, како се менуваме и како комуницираме. Ова искуство ќе ве поведе на лично патување за откривање на она што е навистина важно во вашиот живот. Кои акции е потребно да ги откриеме, или реоткриеме, притоа избирајќи ги според приориетот на важноста. – посочуваат организаторите.
Користејќи ги уметноста на звукот и изведбата, перформансот создава ритуален простор кој ги предизвикува моменталните емоции и општеството додека ја истражува медитативната интроспекција. Исто така, се осврнува на конфликтот помеѓу ритуалот и капиталистичката потрошувачка логика поврзувајќи ги архетипските и вредностите на предците со современиот контекст. Ова уникатно искуство поттикнува критичко размислување, само-рефлексија и развивање, обезбедувајќи простор за трансформација. Преку звук, гест и моќни изведби, уметниците имаат за цел да ја пренесат публиката во еден поинаков свет, кој истовремено е древен и модерен, возвишен и трансформативен.
Уметници – ментори на настанот се: Јелена Вуксанович, Алесандро Ола, Атила Антал, Вишња Жугич и Јасмина Билаловиќ, додека изведувачки уметници се Риџет Ферати, Надја Лукановска, Симона Димковска, Ива Дамјановски, Тереза Лазарев, Теодора Ежовска, Виктор Танасковски, Кристијан Караџовски и Маја Стајнберг.
Проектот „СИОТ СВЕТ Е СЦЕНА-имерзивен и партиципативен театар како алатка за адресирање на општествени прашања и предизвици” на Здружението на уметници Културен центар Медиа Артес, се реализира со финансиска поддршка на Embassy of Switzerland in North Macedonia и Министерство за култура.
Бројот на посетители е ограничен. Сите заинтересирани своето место треба да го резервираат со испраќање на меил на следнава адреса: riteincontemporarysociety@gmail.com .