Skip to main content

Фестивал на водни спортови

На 2-ри август во Струга ќе се одржи спортскиот фестивал „Илинден“

Организаторите ги покануваат туристите, спортистите и рекреативците да дојдат на 2 август, на десниот брег после Чаршискиот мост, да го прослават големиот празник Илинден – Денот на Републиката на еден поинаков начин.
 |  инфодеск  | 
festival Ilinden struga

Вториот спортски фестивал „Илинден“ ќе се одржи на 2 август во Струга во организација на Спортско-рекреативниот клуб „Соларис“.

Ватерполо, кајак, СУП, скокови во вода- слободен стил, трки во пливање, се дел од спортските активности кои ќе бидат застапени и годинава.

Фестиваклот че биде отворен со ревијални натпревари во ватерполо за што Клубот Соларис има поддршка од Македонската ватерполо федерација. За таа цел ХЕЦ Глобочица за време на натпреварите ќе го запрат истекот на Црн Дрим.

Организаторите ги покануваат туристите, спортистите и рекреативците да дојдат на 2 август, на десниот брег после Чаршискиот мост, да го прослават големиот празник Илинден – Денот на Републиката на еден поинаков начин.

Фестивал илинден Струга

Право на учество на спортскиот фестивал „Илинден“ имаат сите заинтересирани граѓани со претходна пријава, а за забавата ќе биде задолжен Рутбој Селектор.