В недела, на 7-ми мај, моштите на Великомаченикот Георгиј Победоносец, кој со своите молитви ја закрилува Струга, ќе го осветат древниот град.
Голем број врници и свештеници, монаштвото од Бигорскиот манастир и манастирот во Рајчица ќе учествуваат на традиционалната древна струшка Еордија – литијата со Чудотворната икона на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец, неговите чесни мошти од неговиот Манастир во Рајчица, како и Чудотворната икона на Пресвета Богородица – Крнинска.
Во храмот на Светиот Великомаченик Георгиј во Струга, претходно ќе биде отслужена празнична вечерна богослужба, по која ќе следи свечената Еордија (литија). Чесните мошти ќе бидат изложени во храмот за поклонение пред да започне вечерната боголужба, сѐ до започнувањето на Еордијата.