На 10.07.2024 година во 00.15 часот, по наредба од основниот суд во Струга, полициски службеници од ОВР Струга спровеле 62 годишно лице од Република Србија во Казнено-поправната установа Затвор-Скопје, за издржување екстрадиционен притвор. Тој претходно, на граничниот премин „Ќафасан”, беше лишен од слобода врз основа на барање од Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР, се вели во соопштението од СВР Охрид.