Skip to main content

Апел за помош

На семејството Автароски од Ливадишта, чиј дом беше уништен во пожар, потребна му е помош

Пожар го пеплоса домот на семејството Автароски од струшко Ливадишта. Им изгоре целата покуќнина,покривот,  дограмата и облеката. При гаснењето на огнената стихија се повредиле тројца пожарникари. Семејството бара помош од хуманите граѓани.
 |  инфодеск  | 

Силен пожар ја „проголта” куќата на семејството Автароски во струшкото село  Ливадишта.  Се’ што макотрпно граделе  го снема за неколку мигови, изгоре во пламените јазици кои избувнале околу  полноќ  пред два денови.

Огнената стихија го пеплоса покривот,  целата покуќнина, дограмата и облеката.

Во целата несреќа, среќа е што едно од двете деца, било будно, па успеале да се спасат без да бидат повредени.

„Децата ми се јавија. Тато гориме! Излегувајте надвор од куќата веднаш им реков. Тие сакаа да гаснат со вода, ама има и струја. Излегоа надвор. Пожарната дојде, се повредија и тројца пожарникари”, раскажува Сашо Автароски сопственик на опожарената куќа.

Четиричленото семејство  после пожарот, остана без дом,  престојуваат  кај роднини и пријатели.

„ Куќава ја правам повеќе од десет години. Сега сме сместени кај пријатели по роднини. Ги молам сите колку имаат можност да ни помогнат и граѓани и компании”, вели Автароски.

Куќата ја граделе макотрпно, цела  деценија со кредити и рати, денес молат за помош од хуманите граѓани и компании.  

Првичните сознанија се дека пожарот настанал при спој кај доводот на струја.

Сите хумани граѓани и општествено одговорни фирми кои се во можност да донираат тоа можат да го направат на сметката за донации:

Име Сашо Автароски

Трансакциска сметка 200002806121043

Новинар Соња Рилковска