На струшката политичка сцена врие
Кој е крив? На струшката полтичка сцена се готви густа каша. Апетитите на политичките партии се се поголеми, наспроти релаксираниот однос на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко.
Сите кажаа по нешто, но епилогот, останува енигма. Деновиве во Струга се актуелизира новонастанатата состојба на политичка сцена. Излегувањето од коалиција со Рамиз Мерко, но не и од ДУИ, струшкиот комитет на ВМРО – ДПМНЕ, го образложи кратко и јасно, проди несогласувањето со политиката на градоначалникот, кој работи за лични интереси а не и за Македонците. После тоа следуваа реакции и кај дел од останатите политички блока, на ДПА и на СДСМ. Струшките социјалдемократи, реагираа сметајќи оти ваквото сценарио е само договорена фарса, а слична на нив беше и реакцијата на ДПА.
Градоначалникот на Струга пак, Рамиз Мерко, рече дека сеуште не ја знае вистината поради ваквата реакција на ОК на ВМРО – ДПМНЕ. Мерко смета дека вината поради нечиви неуспеси неможе по секоја цена да се препишува на друг. Реакцијата на ВМРО – ДПМНЕ и нивниот опозициски став кој го зазедоа деновиве е само доказ за тоа, додава тој.
Дали во Струга веќе започна сериозен конфликт помеѓу ВМРО – ДПМНЕ и градоначалникот Рамиз Мерко, или станува збор за политички трик, за брзо време вистината ќе исплива на површина. Но, очигледно е дека трката за собирање политички поени полека но сигурно почна. Вчерашната седница е само еден показател дека советниците на ВМРО се контра предлозите на Мерко, но дали сега Мерко е на потег, останува да видиме.
{loadposition content9}