Над селото Вевчани се урна рид
Цел рид доцна синока се урна над струшкото село Вевчани. За среќа, повредени нема. Штета претрпеа неколку куќи и здравствениот дом.
Цел рид доцна синока се урна над струшкото село Вевчани. Настрадаа неколку куки и здраствениот дом. Штетата е огромна. Причина за нереќата се обилните врнежи и топењето на снегот, поради што дојде до лизгање на земјиштето.
Жителите на Вевчани преплашени од тоа што го виделе. Цела ноќ ја поминале во ублажување на состојбата.
И градоначалникот на Вевчани Перо Дујкоски работеше со жителите на Вевчани. Вели дека бидат потребни многу пари за санирање на штетите.Од лавината е уништен и просторот каде беше предвидено да се гради и фудбалски стадион, додава тој.
Од центарот за упавување со кризи информираат дека одронот бил со ширина од 150 до 200 метри, а висина од околу 2 метра. Стотина жители на Вевчани преземале мерки за заштита на просторот, а вклучена била и машина за расчистување на надојдениот материјал.
{loadposition content}