Skip to main content

Наделжните во Струга по секоја цена ќе постават ред со сезонската опрема

Среде сезона, на сопствениците кои не и платиле на општината,  ќе им биде отстранета опремата, најавија од Локалната самоуправа.

 |  Колоска Билјана  | 
кеј
kej

Среде сезона, на сопствениците кои не и платиле на општината,  ќе им биде отстранета опремата, најавија од Локалната самоуправа.

kejАко не со добро тогаш со лошо. На овој начин општина Струга ќе се справува со угостителите кои по чаршијата и кејот имаат поставено сезонаска опрема. Нема повеќе толеранција, тој што плати ќе профитира, велат од Локалната Самоуправа. Моментално надлежните ја чешлаат работата на угостителите кои маси и столчиња имаат поставено низ струшката чаршија. Многу од нив и покрај тоа што имаат склучено договор со Општината за вршење на оваа дејност, сепак се несовесни и немаат платено за тоа. Затоа надлежните одлучија на шпицот од сезоната да  превземат строги мерки, очекувајќи дека конечно ќе постави ред.
„Требаше да се реализира акција за подигнување на опремата, и тоа во раните утрински часови,  но не се реализира, но тоа не значи дека во иднина пак ќе има“-вели Зоран Гулицоски-секретар на о.Струга.

Деновиве, 90 % од угостителите кои имаат поставено сезонска опрема по чаршијата, платија за вршење на дејноста. Моментално уште двајца сопственици имаат долг кон општината, но доколку тоа не го направат за скоро време тогаш со акција ќе ја отстраниме летната опрема, најави  секретарот. Повеќе нема гледање низ прсти, додаде Гулицоски.
Тој најави дека ред ќе се поставува и на кејот од реката Црн Дрим. За отстранување на сезонската опрема по кејот ќе се спорведе акција, посебна од онаа за подигнување на опремата по чаршија, информира Гулицоски.

{loadposition content9}