Skip to main content

Надлежните ги прикриваат доказите

Наместо да ги добијам ветените сретства за патни трошоци се соочувам со нов шок. Моите фискални сметки, Фондот за здравство ги крие, изјави Даниела Будиноска, нашата соговорничка. Фондот и должи пари за неисплатени патни трошоци за 9 месеци.

 |  Билјана Николовска  | 
Daniela Budinoska
Даниела Будиноска
Daniela BudinoskaСлучајот за неисплатени патни трошоци на Даниела Будиноска за која што ТВМ пишуваше пред околу еден месец без епилог. Како што веќе ве информиравме Будиноска е на дијализа веќе 15 години. Нејзината здравствена состојба е влошена. Покрај тоа таа секојдневно е под тензија заради дополнителните грижи. Будиноска вели дека и покреј ветувањата на директорот на Фондот за здравство Косто Фармакоски дека ќе и бидат надохнадени сите неисплатени сметка таа се соочува со нов атак од надлежните, нејзиното барање е одбиено.
Будиноска рече дека неможе да ја разбере тортурата што ја трпи од Фондот за здравство. „Наместо да ја гледам мојата здравствената состојба секојдневно се оптоварувам со непотребни нервози“, изјави таа.
Со директорот на Фондот за здравство Косто Фармакоски не успеавме да стапиме во контакт затоа што не одговори на нашите телефонски повици. Во интерес на вистината тој и во брифинг разговорот што пред месец дена го направи со нас кажа дека случајот со Будиноска ќе го реши за 10 дена во нејзин интерес. Притоа Фармакоски го потенцираше олеснувањето на законот, дека сретства ќе се признаваат само со потврда од Центарот за нефрологија и дијализа Струга. Овојпат спротивно на своите зборови тој донесол решение во кое ги поништува барањата на пациентката Будиноска која има сериозно нарушување на бубрежната функција и која се движи со помош на медицинско помагало.
{loadposition content9}