Skip to main content

Занаетчиство

Најстариот занаетчија во Струга сеуште работи

Најстариот занаетчија во Струга сеуште е во својата работилница. Од дете изработува чевли и чанти, денес тие се музејски експонати.
 |  Голабовски Крсте  | 
Најстариот занаетчија Струга

Најстариот занаетчија во Струга сеуште е во својата работилница. Од дете изработува чевли и чанти, денес тие се музејски експонати. 90 годишниот Јоне Кленко, тагува што занаетчиството е во измуирање и нема свој наследник.

Јоне Кленко работи на машини стари еден век. Во минатото правел чевли и чанти од кожа, но во наливот на кинеска евтина роба, денес никој не купува, се бараат само поправки и крпење.

За поправки, ништо ново не работам од 1995 година навака. Ова се што е правено е тогаш и стои дури и две извадив ми муфлосаа. Вакви работи идат од сите продавници и бутици сите ги носат на поправка. И тоа ме држи уште и со умот и надежта дека нешто ќе направам се гордеев самиот себе – вели Јоне Кленко, занаетчија од Струга.

Јоне занаетот го наследил од својот татко, кој изработувал чевли во Франција. Уште од дете бил во работилница, но тагува што занаетчиството е во изумирање и нема наследник.

Жално е тоа и мене ми е многу тежина овој збор да го кажам, цела Југославија ја прошетав само да научам повеќе. Денес никој не го интересира, како сме се мачеле. Само за да дојдеме до некое знаење, да можеме да направиме и ново и старо. Сака и алат бев и Германија зедов две машини и алати за бигловање ташни. Само ми е тешко дека не може да се учи овој занает веќе да ви кажам потежок е од секој факултет што може да се учи – низ солзи раскажува Кленко.

Занаетчијата треба да биде чесен тоа било основата за успех во минатото. За поттикнување на занаетчиството потребни се субвенции од државата, оти е неисплатливо.

Треба сите давачки што треба да се даваат на државата, треба да ги дава државата да биде ослободен. Најосновно е да биде чесен. Потоа да се пробие меѓу луѓето со работа, со квалитет, со знаење. Ако не знае еднаш ќе го измамиш и повторно тој не доаѓа – вели Кленко.

Јоне со своите вешти раце направил стотици модели чевли и чанти, денес неговите ремек дела се музејски експонати, кои сведочат за едно поинакво време.

Новинар : Соња Рилковска