Нарушена границата меѓу езерото и тлото во Струга
Струшките екологисти бараат стопирање на изградба на цврсти градби покрај брегот на Охридското Езеро. Тие укажуваат дека ваквата состојба веќе ја надминува природната граница и бараат да се заштити оној мал недопрен дел што е останат од оваа природна реткост.
Нарушена границата помеѓу езерото и тлото. Урбанизацијата на езерскиот брег од струшката страна на Охридското Езеро ништо не е подобра од онаа на охридскиот појас тврдат струшките екологисти. Берат Села претседателот на ЕД „Натура кажува дека поради се позачестената изградба на градежни објекти во крајбрежниот појас, на потегот од Женска плажа до Калишта, направиле траса која претставува гранична линија помеѓу езерото и тлото и според нивните укажувања истата не треба да се поминува.
„Ние имавме едно такво лошо искуство ние бевме и против концесиите што ги издаде МТВ и Министерствот за земјоделство и водостопанство значи објектите што ги дадоа под концесија ако ги погледнете ќе видите дека сите се од цврста градба што е против, ние како екологисти се спротиставуваме на тоа и токму заради тоа еве се трудиме секоја година да направиме нешто за да го стопираме меѓутоа тоа не е во наш домен“ – објаснува Села
Села тврди дека ги презеле сите мерки кои биле во нивна надлежност, односно укажале на сите надлежни фактори дека штетите кои ги трпи езерото поради девастацијата на брегот ќе остават трајни последици.
„Знаеме дка постојат еколошки инспектори кои треба да се на терен и кои треба да ги покренат другите инстанци за да сетопираат тие работи“– истакна Села.
Тој вели дека како поединци, еколошките друштва не можат да застанат пред багерите и машините кои пред нивни очи ја поминуваат дозволената граница. Тој смета дека треба да се најде заеднички јазик со сите релевантни институции од земјава како би се зачувало и она малку природа што е преостанато од езерското крајбрежје.
{loadposition content9}