Skip to main content

„Наша Струга“, ја продолжува традицијата

Денеска е Воведение на Пресвета Богородица Пречиста. Овој голем христијански празник во многу домови се одбележува како куќна слава. Граѓанското здружение „Наша Струга“ ја продолжува традицијата, и годинава масовно ги собра сите верници пред црквичката кај кружниот тек на патот Охрид – Калишта.

 |  Николоска Биљана  | 
precista
пречиста

Денеска православните верници го одбележаа верскиот празник Пречиста Богородица. Стружани масовно собрани пред малата црквичка  посветена на оваа светица,  уште еднаш покажаа дека верата, а посебно големите христијански празници може на едно место, во голем број да ги соединат и младите и старите без оглед на која политичка опција припаѓаат. precista1Тие во своите домови за здравје и ксмет однесоа крстена вода, а после богослужбата каснаа по малку нафора и пченица.

Денешниот ден е посветен на Воведение на Пресвета Богородица и масовно се слави во Струга и струшко. На многу фамилии им е куќна слава, вели Отец Ристе Наумоски ложанскиот парох. Тој денеска на властите им укажа дека на Струга и треба уште една Црква, која треба да никне точно на местото каде што се наоѓаме, на кружниот тек на патот за Калишта-Охрид.   

„Ова место каде што се наоѓаме сега, била црквата посветена на Пресвета Богородица. Сите стружани посакуваме што поскоро да се изгради ова молитвено место за понатамошни богослужби бидејќи ние сме релативно голем број на православни верници и црквата Св. Ѓорѓија е претесна да ги собере сите тие верници“ – вели Отец Наумоски.

precistaИдејата за изградба на божји храм посветен на Пресветата мајка Богородица сеуште е посакувана, но за жал досега нереализирана замисла на здружениото „Наша Струга“. Патот е тежок и полн со препреки, но не се откажуваме од тоа, вели претседателот д-р Јосиф Беле. Тој во врска со прославата по повод Пречиста рече дека пред пет години започнале сосема скромно, но денес благодарение на помошта на верниците успеале да постигнат многу.

„Сами ние не можиме да направме, имаме голема помош од луѓето. Кажавме и за Маријан Деребан тој ни беше голем столб, сега го нема меѓу нас. – вели Беле.

Празникот Пречиста, спаѓа во дванаесетте големи христијански празници. Се смета за женски празник и повеќе го празнуваат младите жени, особено оние што уште немаат деца. Нека поможи и да ни е за многу години денот.

{loadposition content9}