На 24 јуни во Струга ќе се одржи Интернационален Џудо натпревар во чии рамки ревијално ќе се натпреваруваат и лица со интелектуална попреченост како дел од проектот Judo4All.
Организатори се Џудо Клуб Дрим Струга и Порака Нова Струга.
На настанот се очекуваат повеќе од 600 гости, џудисти, тренери од повеќе држави од регионот и Европа.
Натпреварот ќе се одржи во Спортски Центар Тими Струга,ул.Боро Калајџиески, со почеток во 10:00 часот.