Кој ќе ја наследи Надица Николовска?
Актуелната претседателка на струшкиот комитет на ВМРО – ДПМНЕ уште кратко време на чело на партијата.
Низ струшките чаршиски кулоари се погласно се коментира кој в раце ќе го земе кормилото на струшкиот огранок на ВМРО – ДПМНЕ. Од околу 40 пријавени активисти на најголемата владеачка партија, деновиве на разговор кај премиерот Никола Груевски повикани биле само 5 од нив и тоа, Стефан Томаноски, Зорица Кленкоска, Гоце Божиноски, Перо Петкоски и Марко Стрезоски. Дел од посериозните кандидати за оваа атрактивна позиција се релативно млади кадрии. Конкурсот кој го распиша партијата за избор на претседател на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, уште пред 4 месеци, следи по назначувањето на Надица Николовска за директор на Државниот просветен инспекторат во Скопје, која согласно статутот на партијата сеуште е координатор на ОК. Во секој момент се очекува одлуката од централата за тоа кој ќе биде прв човек на партијата, вели Николовска во телефонски разговор за ТВМ. Стружани но и симпатизерите на ВМРО – ДПМНЕ се во голема неизвесност пред одлуката, бидејќи сепак огранокот треба што поскоро добро да се екипира и подготви, за престојните локални избори.
{loadposition content9}