Наставата треба да продолжи
Нема причина за бојкотирање на наставата во „Ибрахим Темо“, вели раководителот за образование.
Ibrahim Temo
„Тепачката се случи на улица, лицата се казнети, неможеме сега и улиците да ги делиме“, вели Џејми Хајредини.
Средношколците македонци од „Ибрахим Темо“ сеуште не посетуваат настава. Тие во знак на револт, по неодманешните инциденти помеѓу учениците, бараат и во ова училиште, како по примерот во „Нико Нестро“, да се воведат јазични смени. Надлежните по оваа област при локлната самоуправа велат дека во моментов нема потреба од бојкотирање на наставата.
Хајредини се надева дека ситуацијата во гимназијата „Ибрахим Темо“ по изборите ќе спласне. Тој е уверен дека целата ситуација со тепачките помеѓу средношколците има политичка позадина.
„Поблемот што се јави во двете средни училишта, од следната учебна година ќе се реши на посовремен начин, вели Хајредини. Новата училишна зграда е идеалното решение“, додава тој.
Раководителот на одделението за образование и директорот на „Ибрахим Темо“ ги повикуваат учениците кои ја бојкотираат наставата, од утре дефинитивно да се вратат во училишните клупи, во спротивно ќе се превземат соодветни мерки, најавуваат тие.

{loadposition content9}