Настрада каналот Студенчишта
Не престанува атакот кон водните ресурси во градов. Водата во каналот Студенчишта прекриена со сини дамки. Рибарите велат дека се работи за остатоци oд боја. Инспекциските служби и овој пат затаија.
боја

На површината на водата пливаат сини дамки. Рибарите кои алармираа за оваа појава, не сакаа да коментираат пред нашата камера. Тие кажаа дека се работи за остатоци од боја која се употребува за бојадисување на бродовите. Додаваат дека со ваквиот однос на несовесните сопственици на бродовите, на каналот му претстои еколошка катастрофа. Рибарите велат, инспекциските служби спијат и се појавуваат само пред свршен чин.
Одговорниот на општинскиот комунален инспекторат Танас Танасоски, вели дека прв пат слуша за оваа појава. Тој рече дека ќе испрати инспектори на терен и доколку навистина се работи за остатоци од боја, на можниот сторител веднаш ќе му биде изречена мандатна казна без разлика дали се работи за физичко или правно лице.
На лице место бил и државниот инспектор за животна средина и просторно планирање Игор Трајкоски. Од него не успеавме да добиеме никаква информација. Му било забрането да дава изјави за медиумите и не препрати да се јавиме до надлежното министерство. Го побаравме и Министерот за ЖСПП ,Неџати Јакупи но не успеавме да стапиме во контакт бидејќи не одговори на нашите тел. повици.
{loadposition content9}