Skip to main content

Се наѕира ли решение на проблемот?

Родителите на учениците македонци во „Нико Нестро“ во понеделник заедно со децата ќе одат во етнички смени.

 |  Билјана Колоска  | 
tabla
табла
Родителите на учениците македонци во „Нико Нестро“ во понеделник заедно со децата ќе одат во етнички смени.

Ова е едеинстевниот начин нашите деца да се безбедни, велат родителите кои  синоќа уште еднаш се соединиа и ја подржуваат одлуката на министерот за образование.

Родителите на учениците македонци во „Нико Нестро“ го губат трпението. Одлуката  на министерот за образовани Перо Стојаноски, проблемот да се реши мирен начин со јазични смени, родителите велат дека крајно време е истата да се спроведе.

„На синоќешната средба, сите родители одлучивем во понеделник заедно со нашите деца да одиме на настава и тоа во јазични смени и тоа во попладневна смена„-вели родителот Радованка Домазетоска.

Niko NestorПретседателот на советот на родители вели дека новата организација на наставата  во јазични смени не е насочена против никого,  туку е само во интерес на безбедно одвивање на наставата на нашите ученици. Токму поради тоа, денеска повторно имаа средба градоначалникот, директорот на „Нико Нестор“ и претседателот на советот на родители од училиштето,  но сепак таа не резултраше со  ништо конкретно.

„Се знае чива одлука е конечна, тоа  е онаа на министерот, воведување јазични смени. Ние ги продолжуваме средбите со цел јазичните смени да се воведат на мирен начин а не да настануваат инциденти„- вели Вишња Дурацоска, претседател на совет на родители „Никот Нестро“.

Во интерес на безбедното и квалитетно образование на учениците во „Нико Нестро“ кои трета недела по ред не посетуваат настава, од советот на родители ги повикуваат надлежните органи и вработени во училиштето како и градоначалникот на Струга, да дадат свој допринос за изведување на наставата во јазични смени.

 

 

 

{loadposition content9}