Не е лесно да се биде волонтер
Младите осмооделенци од струшкото основно училиште „Јосип Броз Тито“, заедно со своите пријатели од Словенија, ги прават првите чекори во волонтерската работа, соочувајќи се со првите предизвици но и задоволства од оваа работа.
volontiranje

Основците од Струга и Словенија заедно учат за предизвиците на волонтерската работа. Волонтерите на виножито, според името на самиот проект, во следните неколку дена, ќе учат како да работат со децата со посебни потреби, како да се грижат за својата најблиска околина,а и за многу други вештини, вели Маргарита Рувинова Ническа – координатор на проектот.
„ Целта на овој проект е да ги вовоедеме нашите ученици и наставници во принципите на волонтерството, што значи да прифатат да работат без да бидат платени.Да помагаат во општеството и заедницата поширака“ вели Ническа.
Партнер на проектот е училиштето „Фрањо Малгај“ од Шентјур, Словенија кои моментално се во посета на своите другарчиња, осмооделенци од Струга. Поделени во седум тимови, според боите на виножитото, дечињата и во Словенија и во Македонија, ќе учат, како да работат со децата со посебни потреби, како да бидат, менаџери и новинари, како да се грижат за природата, да ги развиваат своите креативни вештини и друго. Интересот кај учениците од Словенија за овој прект е исто така голем, сакаат да волонтираат и многу се возбудени поради тоа. Патувањето во Македонија за нив беше вистинско доживување, кое им помогна да сфатат дека волонтерската работа иако не се плаќа е многу сериозна, вели Јасна Дрешчек, -координатор на проектот од Словенија.
„ Но сепак мислам дека не очекуваа дека работата со децата со поесбни потреби е толку сериозна, и сега гледаат дека тоа е тешко и дека волонтерската работа не е лесна и дека иако не сте платени, сепак добивате нешто назад.“ објаснува Дрешчек.
Дрешчек додаде дека е потребно овие проекти да се реалзираат и со учениците од пониските одделенија со што ќе се прошират хоризонтите и кај помладите.
Веќе трет пат, ОУ ЈОсип Броз Тито е наградено од Академијата на централно европски училишта, а оваа година се претставиија со два проекти. Покрај проектот со партнерите од Словенија, вториот проект е во соработка со училиштето, „Блажо Јоко Орландиќ“ од Бар, Црна Гора.
{loadposition content9}