Skip to main content

Не профункционираа јазичните смени во Нико Нестор

Претпладне на настава се појавиле само дел од  албанските средношколци, иако според завчерашната препорака на министерот за образование Перо Стојановски, утрово на  настава требаше да дојдат следат учениците Албанци, додека попладнето средношколците Македонци.

 |  информативна  | 
tabla
табла
Претпладне на настава се појавиле само дел од  албанските средношколци, иако според завчерашната препорака на министерот за образование Перо Стојановски, утрово на  настава требаше да дојдат следат учениците Албанци, додека попладнето средношколците Македонци.
Попалдневната настава на учениците Македонци е откажана, како што напомена директроката на “Нико Нестор” Маре Савеска, поради безбедносни причини.  

Niko Nestor“Одлуката што ја донесоа родителите  и професорите Албанци да не ја почитуват одлуката на министерот е нелегална и донесена надвор од институциите на  системот. Имавме и најава дека попладне ќе дојадат и ученици Албанци кои тебаше да дојдат претпладне и токму заради тоа попладневната настава е прекината”, -изјави директроката Маре Савеска. 
Во меѓувреме,додека се решава проблемот во “ Нико Нестор” дел од Македонците средношколци ја бојкотираат наставата во  Гимназијата “Ибрахи Темо”,која дели ист двор со “Нико Нестор”. Директорот на “Ибрахим Темо” Муса Мусаи најави дека ќе бидат преземни дисциплински мерки против средношколците Македонци кои вчера не се појавиле на настава.

 

 

 

{loadposition content9}