„Небо од чадори“ во Струга е новата туристичка атракција
Поставено „Небо од чадори“ на главното шеталиште во Стуга.
Шестотини чадори во различни бои висат на шеталиштето во Струга и привлекуваат внимание на минувачите. Шарената туристичка атракција, која обезбедува и убава сенка во топлите денови ја има во повеќе европски метрополи.
Чадорите се поставени од страна на Јавното Комунално претпријатие.
-„Со овој декоративен проект , сакавме да направиме уште едно привлечно катче во Струга. Тука цел булевар се анместени околу шестотини чадори инцестиција која целосно чини 120 000 денари. Финансирана од нашето претпријатие“, вели Икмет Ислами директор на Јавното Комунално претпријатие Струга.
Во текот на летната сезона стружани и туристите ќе можат да уживаат во прекрасната глетка која ја создава уметничката инсталација од стотиците шарени чадори. Стружани задоволни ги преплавија социјалните мрежи со фотографии.
-Прекрасно е многу убава идеја. Ми се допаѓа, вели една млада стружанка.
-Доаѓаме од Тетово, многу ни се допаѓа Струга. Преубаво е , градот го има сменато ликот. Чисто уредено, едноставно немам зборови, велат туристи од Тетово.
Следниот чекор кој ќе го промени ликот на Струга е подводното осветлување на реката Црн Дрим. За неколку денови реката ќе блесне во повеќе бои.