Општина Струга и градоначалникот Рамис Мерко се приклучуваат кон барањето на туристичкиот сектор, гастрономите, кафе баровите и дуќанџиите за недела да биде работен ден во туристичките градови, односно во Струга.
Струга е град кој зависи од летната сезона, така што, недела неработен ден сериозно ќе го загрози и негативно ќе влијае на локалниот економски развој и пошироко. Очекуваме посета на министерот за економија и заеднички да разговараме за изнаоѓање на решение кое ќе ги задоволи потребите на граѓаните на Струга – велат од Локалната самоуправа на Општина Струга.
Барањето се адресира до Министерство за Економија, односно до Владата на Македонија, за да се донесе решение за горенаведените бизниси за недела да биде работен ден, како посебна гранка за туристичката сезона.