Недостасуваат сместувачки капацитети
Струга во сенка на Охрид. Градот на две води заостанува во туристичкиот развој. Една од причините е тоа што недостасуваат сместувачки капацитети. За разлика од охридското, на струшкото крајбрежје нема доволно луксузни хотели. Во градот има само неколку поголеми современи хотелски капацитети и мора да се размислува за инвестиции. Без инвестиции не може да се очекуваат поелитни гости.
„Секогаш Струга ни каскала позади Охрид, тоа е поради тоа што има помали сместувачки капацитети. Да се вложува во дестинацијата, можеби има убави ресторани, но кога се во прашање сместувачките капацитети, ги имаме помал број, за разлика од охридската ривиера. Се надевам, во годините пред нас, ќе имаме поголем број вложувања во категоризирани сместувачки капацитети“ – вели Љупчо Јаневски, директор на АППТ.
Инвестициите во туризмот треба да бидат во склад со заштитата на животната средина и препораките на Унеско. Потребни се еко зелени хотели.
„Треба да почне циклусот на вложувања во зелената енергија, во зелените ѕвездички од Охрид и од Струга. Новите инвестиции да ни бидат еко, да имаме што повеќе вложувања во зелени работни места и да нудиме одредени фомри кои што ќе бидат во природа. Верувам се повеќе и повеќе ќе се случува во иднина“ – вели Јаневски.
Мал е бројот и на категоризирани луксузни апартмани во приватното сместување во струшко.
Новинар Соња Рилковска