Skip to main content

Нема бегање од законот

Од утре ригорозни мерки високи казни за оние кои го не го почитуваат законот за третман на медицинскиот отпад. Државата мора да се отрезни пред сериозноста на проблемот со медицинскиот отпад, велат од општинскиот комунален инспекторат.

 |  Билјана Николоска  | 
shpricevi
шприцеви

medicinski otpadОд утре ригорозни мерки високи казни за оние кои го не го почитуваат законот за третман на медицинскиот отпад. Државата мора да се отрезни пред сериозноста на проблемот со медицинскиот отпад, велат од општинскиот комунален инспекторат.

Мора од некаде да се почне. Охрид како туристички град нема веќе да прави отстапки кога се работи за медицинскиот отпад. Истекува рокот за незаконското подигање на медицинскиот отпад од охридските здравствени установи. Според неодамнешните изјави на првиот човек на ЈП „Охридски Комуналец“ Сашо Алче, дека досегашниот начин на подигање на медицинскиот отпад, кој е утврден од страна на државниот инспектор за ЖС, е несоодветен, е надвор од законот, од денес, според неговите изјави треба да се прекине тоа беззаконие.
Нема веќе прогледување низ прсти за прекршување на законот со третманот на медицинскиот отпад вели раководителот на општинскиот комунален инспекторат Танас Танасоски. Се соочуваме со навистина еден горлив и сериозен проблем на кој мора да му се стави крај, додава тој.
Мора сите здравствени установи во градов да имаат  склучено договор со овластена организација за подигање на опасниот смет. Постоечката депонија „Дрисла“, повеќе не работи отколку што работи, изјави Танасоски.
Танасоски во последните опомени до сите кои треба да се справуваат со медицинскиот отпад, пред можната  катастрофа која се заканува од истиот, го повика и Фондот за здравство како одговорен за склучување на договорите за третман на овој вид отпад, финансиски да им помогне на здравствените организации.
Ако мора да се почне од некаде нека биде тоа од Охрид, категоричен Танасоски. Тој вели дека државата конечно треба да се разбуди и да ја сфати сериозноста на овој горлив проблем.
{loadposition content9}