Skip to main content

Нема повеќе педалинки по струшките плажи


Нема повеќе педалинки по струшките плажи. Градските избраници со одлука за забрана за користење на педалинки едногласно кажаа не за овој вид пловни објекти. Поддршка добија и од струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко кој смета дека повеќе вреди еден човечки живот отколку милион педалинки, за кои податоците говорат дека најголем дел од несреќите на давеници се точно поради нив.

 |  Николоска Биљана  | 

Педалинките во Струга заминуваат во историјата. Струшките советници на последната седница едногласно ја изгласаа одлуката за забрана за издавање на педалинки долж крајбрежјето во Струга. Градоначалникот Рамиз Мерко, вели години наназад најголем број на давеници биле млади кои животот го загубиле користејќи педалинка и смета дека тоа мора да запре, и затоа оваа одлука ја прифатил и подржал со раширени раце.

Заради профит на неколку граѓани кои можеби и немаат и фирми за педалинки и досега немале никаква одговорност да и понатака работат со педалинки еве советот тоа право му го скрати

Својот став во врска со одлуката за забрана на издавање педалинки го изнесоа и дел од струшките советници.


„По однос на информациите кои што ги имаме добиено за сите пловни објекти а повикувајќи се на поразитекните податоци од нивното присуство на плажите од минатите години сметаме дека навистина е време да се ред како се тоа треба да функционира“ – вели Николина Велкоска Глигороска советничката на СДСМ.

Продолжува лошата пракса на Советот предводена од претседателот така што точките ни се предлагаат на самата седница како дополнување на дневен ред и ние не располагаме со никакви материјали за да можиме да се произнесеме по тие точки и не можеме да донесеме соодветна законска одлука“ – истакна Ален Деребан, советникот на ВМРО – ДПМНЕ.

Не само педалинките треба и пловните моторни возџила да се забранат. Бидејќи луѓето не знаат да управуваат со нив. Кога ги возат скутерите мислат дека се во авион и не гледаат ништо ни пред и зад себе дека има деца кои пливаат и така настануваат несакани последици. Затоа се донесе таа одлука“. – вели Илија Пејоски од социјалистичка партија,

Со оглед на искуствата кои што и ние ги имавме со таквите пловни објекти и начинот на нивно издавање на лица кои што не знаат да пливаат и се малолетни е за поздравување, вели претседателот на ОО на Црвен крст Охрид Сашо Точко.

Доколку не може да се најде поинаков начин да се стави во законска рамка и да се најде некој начин на контрола. Секоја забрана малку е дискутабилна и создава одредени ограничувања, но во секој случај кога се работи за човечки животи нас на спасителите на вода на Црвениот Крст во многу ќе ја олесни работата, доколку не само да се донесе како одлука, но да се почитува спроведувањето на таа одлука и да се најдат механизми како тоа ќе се направи, односно како ќе се контролира дали некој издава или не и како ќе се санкционира

Точков рече дека како институција која што се грижи за безбедност на отворени води во Р. Македонија во секое време се тука да го дадат својот придонес за да не се случуваат несреќи и инциденти од педалинките.