Нема повредени лица во пожарот кој утринава избувна во Безистенот во Струга, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Пожарот во деловен објект во Безистенот бил пријавен во ОВР Струга околу 10 часот.
На терен интервенираше Територијалната против пожарна единица Струга со четири возила и десетина пожарникари.
Извршен е увид и ќе се утврдуваат причините за пожарот и настанатата материјална штета. Според првични неофицијални информации, пожарот не бил подметнат.