Skip to main content

Нема радијација во Македонија

Во Р Македонија радиоактивното зрачење е најниско во Европа. Нашата држава  e сериозно подготвена за справување со катастрофи предизвикани од радиоактивен отпад. Изминативе две години откриени преку 30 обиди за нелегална трговија или трансфер на радоактивни матријали.

 |  Татјана Маленкова  | 
Radijacija
Радијација

Regionalen trening kursПодоготвена ли е Македонија за одговор во случај на радиолошки несреќи? Охрид и Македонија домаќини на регионалелен тренинг курс на тема: „Подготовка, спроведување и евелуација на вежби за тестирање на системот на подготвеност за радијациони вонредни настани“.  Денешниот региoнален ворк шоп е еден во  низата кој се организаира за градење на капацитети за одговор во случај на радиолошки несреќи. На средбата во Oхрид учествуваа стручни лица од скоро сите земји од регионот дури и од поодалечните земји како Португалија и Малта а предавачите се од Велика Британија, Израел и Унгарија.  Се надевем дека низ теоретски предавања и вежби учесниците ќе имаат прилика да се запознаат со најновите постапки за координирана акција во случај на радиолошка несреќа“, истакна Иванка Соломонова – координатор при Министрвото за образование и наука за односи со Меѓународната агенција за Атомска енергија.
Ова тело при министерството е  национален координатор за севкупната соработка со агенцијата од 1994 год кога Р мекадонија официјално стана членка на оваа агенција.

„ А Улогата на агенцијата е да ни помогне во градењето на капацитетите за ефикасна радијацина заштита и почитување на меѓународните основни стандарди за безбедност. Со помош на агенцијата ја хармонизиравме националаната легислатива формиравме незавсно регулаторно тело, дирекција за радијациона сигурност , кое се грижи за севкупната радијациона сигурност на населението“, истакна Иванка Соломонова,координатор на МААЕ.

work shop


Македонија е  сериозно подготвена за справување со катастрофи предизвикани од радиоактивен отпад. Координатори на активностите и изготвувачи на планот за справување кој откако ќе се прифати од владата  станува обврска е дирекцијата за радијациона сигурност.

„Р Македонија во однос на радијацијата е една од најчистите земји на балканот. Ние имаме незначително мало количество на радиоактивен отпад, нуклеарен високорадиоактивен отпад немаме, имаме закон кој забранува билокаков увоз на ваков отпад, тој закон го донесовме во 2008 год. Претходно немаше забрана за увоз. Дефинитивно граѓаните може да се спокојни.Во овој правец работиме затоа што во нашето сосдедство Бугарија, Романија Словенија, има нуклеарни постројки кои при било какви катасрофи би предизвикале последици и нашата територија. Од овој аспект сакаме регионално да делува. Комшиите треба да работиме регионално“, додаде Стаменов.

Тој  тврди дека нашата земја за разлика од нашето опкружување е најдобро покриена со мерни станици, кои секојдневно вршат радиоактивни мерења.  „Имаме 12 мерни станици кои во секоја секунда го мерат гама еквивалентот  во воздухот. Она што сакаме за скоро да го напаравиме е на одредени места да поставиме елекртонски мерачи на тонот на зрачењето  исто како и температурата на водухот“, истакан директорот Стаменов.
Директорот ги демантира гласините дека во Охридското езеро за време на воениот конфликт во регионот се исфрлаше радиоактивен отпад.

„ Од Охридското езеро постојано земаме мостри. Што и да има во водата мора да се покаже. Дирекцијата апсолутно нема намера нешто да скрие затоа што тоа го криеме и за нас лично. Во езерото нема радиоактивен отпад“, вели директор на дирекција за радијациона сигурност.

Според  директорот Р Македонија иако е територијано мала нејзината географска поставеност е  голем фактор, а поради тоа сериозно ги контролираме границите во соработка со царинската управа.  Стаменов додава дека во скоро сите 10 гранични премини каде има инстензивене проток на сообраќај се покриени со статични детектори и дека секој граничен полицаец носи пејџер детектор за радиоактивеност. Тој додава дека во изминативе две години биле откриени преку 30 обиди за нелегална трговија или трансфер на радоактивни матријали, по што биле вратени назад.
{loadposition content9}