Skip to main content

Нема веќе пиење вода на вересија

МЈП Проаква најави нова казнена мерка за несовесните корисници. Никому нема да му се прости долгот.

 |  Билјана Николовска  | 
proakva
проаква
vodaРадикалните мерки на МЈП Проаква за наплата на вода, успешни. Оваа законска мерка позитивно се одрази врз порастот на наплатата на заостанатите сметки за вода. Моментално долгот на неподмирени сметки е 50 милиони денари. Деновиве од страна на стручните екипи на „Проаква“ се поинтензивно  се применуваат радикалните мерки. Се исклучуваат големи хотелски капацитети, кафетерии и сите останатите должници на ова меѓуопштинско јавно претпријатие. Првиот човек на Проаква, Бранислав Трпчевски, вели дека ниту едно физичко или правно лице нема да биде привилеграно.
Во наредниов период следува превземање на дополнителна законска мерка за наплата на заостанат долг, вели Трпчевски. Кривична пријава ќе добијат и оние кои оневозможуваат пристап на стручните служби на МЈП „Проаква“ до броилото.
Проаква им доцни со исплата на една плата на вработените. Трпчевски очекува надминување на ваквата состојба. Излез гледа во можното алтернативното решение за поделба на МЈП Проаква, кое сеуште е во рацете на двата совети на општиниите Струга и Охрид.
Доколку за брзо време нема одговор на барањето за поделба, мора да се направи друга алтернативна реорганизација. Дали ќе остане Проаква или ќе се формираат нови  јавни претпријатија ќе зависи од економската оправданост, вели Трпчевски. Тој додава дека согласно спогодбата за основање на МЈП Проаква секоја општина на својата територија може да ја креира деловната политика независно едена од друга.
{loadposition content9}