Skip to main content

Несреќа на реката Црн Дрим, од струен удар повредени четворица излетници

Несреќен случај се случи вчера попладне, околу 19 часот,  во близина на Ташмаруништа, во водите на реката Црн Дрим.

 |  Валентина Неловска  | 
Globocica
Globocica

Несреќен случај се случи вчера попладне, околу 19 часот,  во близина на Ташмаруништа, во водите на реката Црн Дрим. Излетници од Струга пловеле со чамец по течението на реката Црн Дрим кога настрадале  четворица стружани, а двајца од нив се здобиле со потешки повреди, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

„ До несреќата дошло кога во чамец, во кој се наоѓале 10 лица, пловел под далновод по течението на Црн Дрим кон правец на Глобочичкото езеро кога едно од лицата при  механички допир со жиците од далноводот предизвикало струен удар“.
Globocica
Останатите шестмина излетници кои се наоѓале во чамецот поминале со полесни телесни повреди.

„ За кратко време медински и полициски екипи со помош на месното население успеале да ги префрлат настраданите лица во Општа болница во Струга. Заради тешките повреди едно од настраданите лица е пренесено на понатамошно лекување во Скопје.“

Свр Охрид и Полициската станица од Струга уште вчера направиле увид врз несреќниот случај. Денес повторно полициските екипи заедно со екипа на ЕВН и вешто лице направиле увид. Констатирале дека основната причина е струен удар како резулат на механички допир на еден од излетниците со далеководот и високиот водостој на речната вода која е во пораст од еден метар и 25 цм, информираат од СВР. Чамецот со кој пловеле излетниците е одземен и ќе биде предмет на вештачење.

{loadposition content9}