Skip to main content

Невеста по нарачка

„Езерка“ будно ја демне трговијата со луѓе. Трговците не бираат начин за вовлекување на жртвата во овој вид на криминал. Во моментов во тренд е невеста по нарачка. Загрижува возрасната граница. Жртвите се најчесто на 12 години.

 |  Билјана Николовска  | 
ezerka
езерка

Ezerka - Struga„Езерка“ будно ја демне трговијата со луѓе. Трговците не бираат начин за вовлекување на жртвата во овој вид на криминал. Во моментов во тренд е невеста по нарачка. Загрижува возрасната граница. Жртвите се најчесто на 12 години.

Невеста по нарачка. Овој тренд не ја одминува и нашата земја. Во последно време млади македонки се почесто се невести по нарачка во Франција. Со тоа тие стануваат жртви на трговија со луѓе. Таму ги чека пекол и изложени се на ригорозни тортури. Овие сознанија произлегуваат од најновите податоци на Сојузот на жени „Езерка“ Струга, кои ги добиле преку МВР и Министерството за труд и социјална политика. Тие однеодамна се приклучени во националната мрежа „Будност“, која ја демне трговијата со луѓе. Охридско –струшкиот регион сеуште не е инволвиран во овој вид на трговија со луѓе вели Драгица Павлеска Попеска од „Езерка“ Струга, кои веќе со своите активности делуваат превентивно на ова поле, но ги загрижува визната либерализација.

Трговија со луѓе има постојано. Секој може да биде трговец, но и жртва може да биде секој. Љубов по нарачка исто така е загрижувачка појава во трговијата со луѓе, вели Попеска.

Попеска ја искоментира и познатата појава во некои од струшките села, каде децата од мали стапуваат во брак. Според неа и оваа појава е загрижувачка

Посебно внимание се посветува на трговијата со луге вели Попеска. Таа потенцира дека повеќе од потреба е голема едукација и организирано дејствување на полицијата, Центарот за труд и социјала, НО, Обвинителството, судството, здравството, локална самоуправа и сите останати релевантни фактори кои што можат да помогнат во сузбивање на трговијата со луѓе.

{loadposition content9}