Незаконска изградба на џамија
Во Г. Белица удрени темели на нов верски објект. Ќе се гради џамија на што негодуваат дел од мештаните. Тие велат дека немаат ништо против муслиманските верници, туку имаат против власта која не ги почитува законите.
Деновиве во Г. Белица интензивирани активностите околу изградба на џамија. По се изгледа овде не важи 2 годишната забрана за градба дадена од Министерството за култура бидејќи ова место се води како археолошки локалитет. Тензиите кои настанаа меѓу македонците и албанците во Г. Белица, во врска со изградбата на овој верски објект може да ги смири само Владата на Р. Македонија. Се она што се работи надвор од законските рамки штетно влијае не само врз мештаните на Г. Белица туку и воопшто врз целокупната јавност, сметаат мештаните на оваа атрактивна викенд населба. Неделава таму беше одржан мирен протест против незаконската изградба на џамијата во с. Г. Белица.
Мештаните за овој проблем се обратиле до Министерството за транспорт и врски бидејќи се работи за државно земјиште. Од таму ги посетил главниот републички инспектор, ја увидел реалната состојба и сега се чека неговата одлука која до овој момент не е позната, додаваат тие. И нашите напори да добиеме одговор од МТВ останаа безуспешни бидејќи портпаролот на ова министерство не одговараше на нашите телефонски повици. Нашиот соговорник Стефаноски рече дека тие не се против градба, но таа да биде согласно законот.
Луѓето во Г. Белица од кога знаат за себе не паметат дека некогаш таму имало џамија. Дуноски Михајло раскажа како било некогаш. „ Мојата баба кажуваше дека отсекогаш во Г. Белица живееле Власи. Имало само 3-4 семејства асимилирани власи кои ја прифатиле исламската вероисповед без да го зборуваат нивниот јазик“
Претседателот на Црковниот одбор на ова место Славе Кралески, рече дека не присуствувал на овој протест и се оградува од истиот. Кралески потенцира дека тие сакалеџамијата да биде дислоцирана. Додека трае административната игра џамијата ќе никне, сметаат мештаните. Тие мислат дека некој сигурно ја поддржува иницијативата за изградба на џамија и конкретно посочуваат на Локалната самоуправа од Струга.
Инаку, Г. Белица е викенд населба лоцирана на планината Јабланица на 1450 м надморска височина, во близина со границата на Р. Албанија. Ова место од дамнешни времиња го населиле Власите, изградиле населба која на времето важела за развиено трговско место , каде доминирало сточарството и занаетчиството.
{loadposition content9}