Skip to main content

Никола Кукунеш е нов в. д. директор на Струшките вечери на поезијата

Струшките вечери на поезијата ќе се одржат од 21 до 24 август.

Никола Кукунеш e нов в.д. директор на Националната установа „Струшки вечери на поезијата“. Кукунеш на функцијата доаѓа на местото на Цветанка Маркоска, чиј мандат како в.д. директор престана со решение на Министерството за култура и туризам од 15 јули 2025 година. Тој е и советник во Советот на Општина Струга од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Фестивалот ќе се одржи од 21 до 24 август, а ќе присуствуваат 26 странски поети. Годинашен лауреат на Златниот венец на СВП е словачкиот поет Иван Штрпка.