Skip to main content

Ништо од старата струшка архитектура

Напрсти можат да се избројат старите струшки куќи кои подлежат на заштита. Од НУ Музеј „Др Никола Незлобински“, информираат дека врзани им биле рацете да го спасат и она малку што е останато од автентичните градби, бидејќи друга установа е надлежна за тоа.

 |  Николоска Биљана  | 
starastruga
стараструга

 

Градежната експанзија во Струга ги проголта старите вредни историски објекти. Малку остана од автентичните струшки градби, кои говорат за богатото културно наследство на Струга. До пред неколку години имаше 26 објекти кои беа под траен или времен режим на заштита, а денес таа бројка неможе да се потврди бидејќи е многу помала, вели д-р Сашо Цветкоски, директорот на музејот „д-р Никола Незлобински.

starikuki „Тука се преплетуваат многу интереси и различни ингеренции и тоа што е со Законот за култура многу јасно кажано на локално ниво не се почитува. Вината лежи на друго место, што се однесува до нас ние секогаш сме иницирале сме говориле за тие проблеми. Проблемот е што нема  комуникацијата меѓу државните и локалните институции“.

Цветкоски вината ја гледа во неодговорениот однос на институциите. Тој појаснува дека кога станува збор за Струга, се заборава основното, а тоа е дека Музејот односно Струга и крајбрежниот појас од 8-10 км, се под заштита на УНЕСКО.

„Значи тоа се строги принципи строги закони правила, како кој треба да се однесува, а ние тоа го потенцираме но нашата моќ не е таа, ние немаме понатака ингеренции, се што е во сфера на заштита на недвижно културно наследство е во рамките на ингеренциите на заводите. Ние како музеј се грижиме за движното културно наследство и постојано сме на терен и тука ги имаме опсервираме сите состојби такви какви што се“.

„Не може да затвориме очи пред некои работи кои нас ни се случуваат“, категоричен е Цветкоски. Тој не гледа излез од според него прекинатата комуникација помеѓу заводите и локалната самоуправа и судирот кој се прави помеѓу она што треба да се прави и она што се случува на лице место.

starastrugaНајдрастичен пример е кога на самиот локалитет на устието на реката Дрим се поднесува дивоградба да се легализира, а сите можни забрани ги има. Министерката најави дека тука ќе се прави Музеј на водса дека ќе се ревитализира целиот тој комплекс сами слушнавте минатата година натака нема што да се коментира“.

Како што е познато Заводот и Музеј Охрид имаа изработено заштитно конзерваторски основи за Струга, но скоро деведесет проценти од архитектонските градби во градот заштитени со Закон ги имаат изгубено споменичните својства, и не ги исполнуваат условите според кои биле прогласени за вредно културно наследство. Во еден наврат првиот човек на завод и Музеј, Тања Паскали Бунташеска кажа дека тоа е како последица на законските измени со кои на институциите од сферата на заштита на културно наследство од 1999 до 2005 година им беа одземени одредени ингеренции. Како последица на тоа се случија драстични измени и доградби на заштитените објекти, а некои од нив, целосно се урнати и на нивните места изградени се нови објекти кои немаат никакво културно значење.

{loadposition content9}