Skip to main content

Во тек е ентериерното уредување

Нов Дневен центар за лица со посебни потреби во Струга

Децата со посебни потреби во струшко, добиваат пристојно катче за згрижување и нега. Избрана е локацијата во тек е ентериерно уредување. Дневниот центар ќе биде отворен следниот месец. Ова беше идеја на стружанецот Борова, кој пред две години за оваа благородна иницијатива го преплива Охридското езеро. Сонот се остварува со меѓународни донации и поддршка од општината.
 |  инфодеск  | 
Дневен центар за лица со посебни потреби

Се остварува сонот на стружанецот Ергин Борова, за изградба на Дневен центар за децата со посебни потреби. Пред две години тој го преплива Охридското езеро со оваа благородна иницијатива, лицата со посебни потреби да добијат пристојно катче за згрижување, едукација и нега.

Во соработка со општината избрана е локација, во тек е ентериерното уредување, а отворањето е планирано следниот месец. Во објектот се очекува да бидат сместени 20-тина деца.

Општината ќе ни гарантира храна за сите деца во текот на целата година, а за сите други дополнителни активности за овие деца ќе бараме донации ќе пишуваме и проекти со повеќе невладини организации за да можеме на тој начин да даваме и повеќе него само минимални услови за децата – вели Ергин Борова, иницијатор за изградба на Дневен центар за лица со посебни потреби во Струга.

Дневен центар за лица со посебни потреби

Првенствено центарот ќе нуди дневен, а подоцна ќе се гради нов дом за перманентен престој на потешките случаи и оние лица за кои родителите не се веќе во состојба да се грижат.

За да се изгради поголемиот објект и за дневна нега и за стален престој ќе ни треба и повеќе пари, и повеќе донации и повеќе време. За тој дел од проектот сме во разговор и со министерството за социјала кои што во законските рамки имаат можност да не финансираат и да може да градиме и да финансираат одржување на објектот – додава Борова.

Дневен центар за лица со посебни потреби

Борова речиси три децении живее во Холандија, вели преку донации и проекти од меѓународни фондови ќе обезбеди пристоен живот за децата со посебни потреби во струшко.

После затворањето на дневниот центар Порака Нова во Струга повеќе од една година нема едукација и социјализација на лицата со посебни потреби.

Новинар : Соња Рилковска