Нов лик на струшката гимназија „Нико Нестор“
Реконструкција на стариот дел од струшката гимназија „Нико Нестор“. Управата на училиштето, заедно со професорите, учениците и бизнис заедницата со меѓусебна соработка успеаа старата училишна зграда да направат да блесне во нов училишен објект.
Дел од старата зграда од ОСУ „Нико Нестор“ Струга деновиве за прв пат после неговата изградба во педесеттите години се реновира. Старата зграда со дотраена дограма и уништена фасада доби сосема нов лик. Како што изјави Никола Затуроски првиот човек на гимназијата, дел од средства обезбедиле од споствен буџет, додека пак бизнис заедницата им помогнала со средствоа во висина од 6 илјади евра.
„Се пристапи кон санирање на цела оваа зграда во вкупна површина од 2100 метри квадратни, каде што се снаираа сите оштетени делови од фасадата и дојдовме до фасадно молерисување на истиот дел. Она што морам да го потенцирам е одличната соработка помеѓу управата на училиштето, значи раководниот тим заедно со професорите секако и учениците помогнаа и бизнис заедницата во Струга“ – вели директорот.
Затуроски нагласува дека кога се сака се` може да се направи, а посебно кога вработените покажуваат добра волја да се вклучат во активностите за реконструкција и санирање училишниот објект.
„Вкупно 6 луѓе се вклучени кои што се вработени во нашава институција во овие дополнителни активности кои што претходно имале други работни задачи, меѓутоа еве со нивна добра волја и со добра волја на целиот раководен тим најдовме заедничка согласност каде што тие луѓе се вклучија во оваа работа и само со 4 дополнителни изведувачи е направена целата оваа работа на фасадата“ – изјави Затуроски.
Досега во гимназијата „Нико Нестор“, променента е кровната конструкција на управната зграда на училиштето, поставена е нова ПВЦ дограма на поголем дел од објектот. Во иднина според најавите на Затуроски треба да се промени кровната конструкција на гимназијата и треба да се заменат старите со нови прозорци на северната страна. Раководниот тим на струшката гимназија „Нико Нестор“, во последно време посветено работи на подобрување на условите во училиштето од повеќе аспекти, а мултиетничките проблеми ги остави во минатото, бидејќи како што нагласи Затуроски континуирано работат на подигнување на свеста за соживот на учениците од различна етничка припадност.
{loadposition content9}