Нов паркинг во СОУ „Нико Нестор“
Нов паркинг доби СОУ „Нико Нестор“ Струга. Овој паркинг простор кој се наоѓа позади училишната зграда ќе биде наменет исклучиво за професорите, кои ќе имаат 30 места на располагање за да ги паркираат своите автомобили. Овој зафат струшката гимназија го реализира со средства од нивниот буџет и со голема соработка со учениците и професорите од стручните паралелки.
Во завршна фаза е новиот паркинг на СОУ „Нико Нестор“. Станува збор за паркинг простор кој што се протега на површина од 300 метри квадрати со 30 паркинг места, кој што се гради позади објектот на средното училиште Нико Нестор. Овој простор претходно беше неуреден. Како што за ТВМ изјави директорот на училиштето Никола Затуроски, паркингот е наменет специјално за возилата на професорите, а неговата изградба е комплетна заложба на менаџерскиот тим на школото со несебична помош од и учениците и залагање на професорите.
„Се што се прави и се што може финансиски да се избегне целата ситуација ние го правиме со нашите стручни активи од градежно геодетската струка од архитектура од електро и текстилната струка и од останатите струки кои што партиципираат во нашево училиште.
Се она што мора да се купи ние го набавуваме, средствата се од сопствената сметка на нашето училиште, меѓутоа се она што може да се заштеди од типот на работна рака а можат нашите ученици и професори да го сработат тоа ќе го сработаат. Утре сме во фаза во 8 часот имаме закажано учениците од градежно геодетската струка со професорите сами ќе го изготвуваат паркинг просторот“ – вели Затуроски.
Како што информира Затуроски, покрај изградбата на паркингот за професорите, во нивнот училиште биле поткренати многу проекти. Извршена била санација на кровната конструкција на управната зграда, променети биле подови на 4 училници, хортикултурно и партерно се уредил училишниот нашиот двор, се тоа во насока на средување на работите и на разубавување на училишниот центар „Нико Нестор“.
{loadposition content9}