Skip to main content

Нов рок за легализација на дивоградбите во Дебрца

Ги известуваме жителите на Општина Дебрца дека согласно последните измени и дополнувања на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, пролонгиран е рокот за поднесување барања и геодетски елаборати за легализација на дивоградби.

 |  Голабовски Крсте  | 
tabla

Ги известуваме жителите на Општина Дебрца дека согласно последните измени и дополнувања на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, пролонгиран е рокот за поднесување барања и геодетски елаборати за легализација на дивоградби.

seloНовиот рок за поднесување барања за легализација на дивоградби е 31 март 2016 година, а за поднесување на геодетски елаборати до крајот на 2016 година. За ново поднесените барања рокот за поднесување на геодетски елаборати е крајот на 2017 год.

Според последните измени на Законот, барање за легализација на вакви објекти можат да поднесат оние граѓани чија дивоградба е изградена до 3 март 2011 година.

Целта на последните измени на Законот е да им се излезе во пресрет на граѓаните да ги легализираат бесправно изградените објекти.