Skip to main content

Нова генерација дипломци во ФОН

Универзитетот, отвара различно можности за брзо вработување на судентите кои излегуват од ФОН, вели менаџерот Цаноски.

 |  Билјана Колоска  | 
diplomec
дипломец
Универзитетот, отвара различно можности за брзо вработување на судентите кои излегуват од ФОН, вели менаџерот Цаноски.

Едуциран  и професионален кадар – е генерацијата која годинава си заминува од високо образовната институција, ФОН-универзитетот. Алберто Зејнел,  е меѓу седумте најдобри струденти од оваа генерација. Ако младите сакаат да  научат како правилно се станува  академски граѓанин во 21 век, тоа можат да го направат само во оваа високо образовна институција, им порача Зејнел на средношколците .

diplomciТажни сме но и среќни што си заминува оваа генерација, бидејќи ја испраќаме со  стекнати знаења и вештини. Секогаш нашите студенти сме ги гледале како свои деца, се трудевме максимално да ги насочиме кон правилниот пат за да ја достигнат и изградат својата животна кариера, велат деканите на факултетите при универзитетот ФОН.  

Тоа сметаат тие, се должи на блискиот однос на професорите кон студенти, што ретко каде го има.

„Ние никогаш нема да дозволиме, нашите деца после испит да одат на бајачка за да им баат од страв“-вели проф.Д-р Ѓорѓи Тоновски,  декан на Правен Факултет-ФОН.

„Јас сум убеден дека овде не застануваат студентите, сигурен сум дека многу од нив че бидат вклучени во јавниот и политичкиот живот„- истакна проф.Д-р Димитар Мирчев, Декан факултетот за  Политички Науки при ФОН.

Ние сме единствен универзитет кој неуморно работи не само на квалиетното образование на студентите туку и на отварање различни можности за вработување, вели менаџетот на универзитето ФОН.

„Склучивме договор со сите министерства и државни институции со цел нашите студенти полесно да се вработат“-вели Сефер Цаноски,  менаџер на Фон-универзитет.
Дипломата која денес со себе ја понесоа студентите е обично парче хартија, тоа не значи ништо ако тие не вложиле доволно труд и стекнале знаења. Убеден  сум дека сите овде ја имаат  заслужено истата, рече Цаноски, при излагањето на денешната свечена Акедемија на доделување дипломи на студентите од ФОН. Тој уште еднаш потенцира оти дипломите се признати низ целиот свет.

{loadposition content9}