Skip to main content

Новини на ФТУ

Олеснување за студентите на ФТУ. Студенскиот парламент одобри уште една испитна сесија во месец април која ќе биде од 10-ти до 30-ти. Пријава за испити се врши од 6-ти до 9-ти овој месец.

 |  Билјана Николовска  | 
ftu
ФТУ
FTUОлеснување за студентите на ФТУ. Студенскиот парламент одобри уште една испитна сесија во месец април која ќе биде од 10-ти до 30-ти. Пријава за испити се врши од 6-ти до 9-ти овој месец.

Согласно новиот закон за високо образование и примената на Болоњската декларација, студентите досега имаа право да полагаат во 3 основни испитни сесии, јануари, јуни и септември. Се полага на два начини колоквиумски и завршно. Првиот човек на Факултетот за туризам и угостителство, Јованка Биљаноска вели дека на барање на студенскиот парламент на факултетот одобрен е априлски испитен рок.
Деканската управа на факултетот го утврдува надоместокот за користење на дополнителната сесија вели Биљаноска. Ги нема повеќе високите казни додава таа.
Во тек е пријавување на испити за априлскиот испитен рок во службата на студенски прашања. Биљаноска напоменува дека пријавата на испити веќе е редовна процедура и доколку не се запази рокот за пријавување од 6-ти до 9-ти април, постои можност да се пријави испитот до денот на полагањето, но за задоцнување се наплатува одреден надоместок. Сите информации и новини ги има на веб сајтот и на огласна табла во факултетот, со цел студентите навремено да се запознаени со се што се случува, вели Биљаноска.
{loadposition content9}