Одбележување на Св. Спас
Спасовден и годинава традиционално одбележан во Горно Лакочереј. Варошани и оваа година дел од главната церемонија. Манастирот обезбеди софра за сите посетители, а неа ја благослови Г-дин Тимотеј.
Спасовден
Не се памети од кога започнала традицијата на големото одбележување на големиот христијански празник Спасовден. Кој ќе дојде на овој ден во црквата „Св. Спас“, не смее гладен да си замине. Вака велат мештаните на двете соседни села Горно и Долно Лакочереј. За значењето на овој голем празник кажа Протојереј Димче Ѓоргиески. Тој го појасна патот на човечката душа од упокојувањето до наоѓањето на вистинското место на небото.
Советникот од редовите на СДСМ, Климе Тренески, како домаќин на оваа слава на манастирот Св. Спас, кажа нешто повеќе за негувањето на традицијата за време на одбележувањето на овој празник. Тој рече дека посебни гости за овој ден се Варошани, кои не пропуштаат ниту една година, а да не дојдат.
На оваа слава присуствуваше и градоначалникот Александар Петрески. Тој рече дека за секој христијански празник пали онолку свеќи, колку што ќе фати в рака. Петрески рече дека продолжуваат со заложбите асфалтирана патека до секоја црква, со цел што поголем број верници да можат да ги посетуваат Божјите храмови. Во оваа пригода тој има вети на меѓтаните од Горно Лакочереј и вода за пиење.
„Убавото да е во народот“, порача Воскре Серафимоска, која неколку години го одржува манастирот „Св.Спас“. Таа, со голема вера во Бога, емотивно раскажа како се подготвува манастирот за овој ден.
Манастирот Св. Спас денес за сите верници кои ќе го посетат има обезбедено ручек. Благослов на Спасовденската софра даде Митрополитот на дебарско кичевската епархија Г–дин Тимотеј. Директорот на АД Галеб од Охрид Љубен Василески ја надополна софрата со печено јагне.
{loadposition content9}