Skip to main content

Обелоденета независната листа на советници за Вевчани

На списокот се наоѓаат 9 кандидати, докажани луѓе, со искуство пред себе.

 |  Билјана Колоска  | 
Vevcani
Вевчани
Обелоденета независната листата на советници  „За Вевчани со Љубов спремни“. На списокот се наоѓаат вкупно девет кандидати. Носител на истата е Симон Лешоски по професија  наставник, второто место на  на листата е резервирано за Наташа Богоеска, по неа е Катица Попоска. На четвртото место се наоѓа Лимпе Лотески додека на 5-тото е Зорица Плушкоска.  6-та на списокот е Ана Кукоска, по неа е Никола Угриноски, предпоследен е Зоран Попески додека последното место му припаѓа на Михајло Србакоски.

Vevcani„Листата е мешана, има припаднички на женскиот пол, од различни возрасти,најстариот е до 61 година“-вели носителот на листата Симон Лешоски.

Тој додаде оти кандидатите кои се на списокот се луѓе кои добро ја познаваат својата работа,  кои немаат дамки во својот живот и пред се се луѓе со авторитет. Воедно тоа ни ја  дава надежта дека ќе имаме успех на овие избори, вели носителот на листата.

„Народот тоа добро ќе го процени, наш аргумент е тоа што сме го направиле до сега“-истакна Лешоски.
Советниците од независната листа се со големи очекувања оти  на претстојните избори ќе добијат можност  да ги реализираат зацртаните планови и да работат во интерес на општина Вевчани.

 

{loadposition content9}