Skip to main content

Обиена „Агенцијата за развој на земјоделство“ во Струга

Штетата не е толку голема, колку што треба дополнително да се вложи труд за повторно уредување на документацијата, велат вработените.

 |  Колоска Билјана  | 
kancelarii
канцеларии
Обиена струшката  канцеларија на „Агенцијата за развој на земјоделство“. Од овој простор, од засега непознати сторители, се украдени едно куќиште од компјутер и еден дигитален фото апарат. Штетата од украдените предмети не е толку голема, колку што е направена штета што многу од внесените материјали во компјутер сега ги нема. Наместо ние да се посветиме на секојдневните активности, сега мора повторно да ја средуваме целата документација, вели раководителот на Агенцијата.

Slagana Bebekoska„Добар дел од документите мора повторно да ги внесуваме во компјутер, за тоа ќе ни е потребно доста време. Сигурно додека повторно ја средиме целата документација ќе ни треба најмалку од 2 до 3 недели“-вели Слаѓана Бебекоска Калајџиеска, раководител на „Агенција за развој на земјоделство“.
Кражбата ја имаат извешено професионални  лица, оценуваат вработените. Ова го тврдат бидејќи и самите не ни забележале кога се случила кражбата.

„Бидејќи јас прва дојдов на работа, видов дека е отворена вратата но помислив оти тоа го направи колегата. Кога и тој пристигна виде дека вратата од надворешната страна е оштетена и оти канделаријата е обиена“-кажува  Драгица Попоска, вработена во Агенцијата.

Порано, на неколку наврати се случило и други канцеларии да бидат обиени, но пред скоро време немало сличен настан во горниот дел од градскиот пазар, каде е лоцирана агенцијата. После ваквата ситуација, вработените се прашуваат колку е безбеден пазарот. Вработените се едногласни дека безбеденоста е на многу ниско ниво.
Во моментов за безбедноста на пазарот во вечерните часови се  задолжени лица од приватна агенција за обезбедување, информира градоначалникот Рамиз Мерко.

{loadposition content9}