Skip to main content

Меѓународна ликовна колоноја

(ОБНОВЕНО) Единаесетто издание Вевчански видувања

На новото издание на ликовната колонија најавено е учество на уметници од земјава и Европа. За прв пат се организира и летна ликовна школа за деца.
 |  инфодеск  | 
Вевчанска ликовна колонија

Во периодот од 25 јуни до 10 јули 2022 година, во живописниот амбиент на ресторанот „Виа Игнација“, во Вевчани, повеќе од 20 афирмирани сликари од Република Македонија, балканските држави, и неколку европски земји, своето уметничко творештво ќе и го претстават на јавноста, а овојпат можност ќе им се даде и на младите сликари.

„За прв пат од оваа година, како дел од Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“ се организира и Летна ликовна школа за деца, во чии рамки, под раководство на професорката Лара Ташковска повеќе од 40 млади дечиња и идни уметнички надежи ќе имаат несекојдневна можност да се запознаат со тајните на сликарската уметност“ – информира Организацискиот секретар на колонијата Ефимија Угриновска Кукоска.

Ново издание на ликовната колонија „Вевчански видувања“. Најавено е учество на уметници од земјава и Европа. За прв пат се организира и летна ликовна школа за деца.

Единаесетото издание на „Вевчански Видувања“, ќе започне со доделување на одличјето „Плакета порта“ на академскиот сликар Доне Миљановски. Потоа ќе следува целовечерен спектакл со музичката икона од поранешните југословенски простори Лепа Брена. А уметничкото претставување на Вевчанските видувања излегува од географските рамки на Општина Вевчани.

„Она што во текот на годината е планирано како активност од организацијата е традиционалната изложба вевчански видувања НЛБ Галерија Скопје, изложби низ културните центри низ републиката како и изложба во Белград по повод единаесет години постоење на ликовната колонија и презентација на уметниците од Балканот пред белградската однсоно српската јавност“ – вели Угриновска Кукоска.

По изложба на делата кои ќе бидат создадени во рамки на летната ликовна школа за деца во јули, летните активности завршуваат на 19 август на празникот Преображение.

Потоа следува спремање каталог за реализираните активности, а исто така и одржување на традиционалната изложба во декември.