Образовно рандеву
Ученички активности изложени на саем. Денес во 5 тата приватана гимназија се одржа образовно рандеву. Учениците на неколкуте секции по разни училишни предмети, јавно, пред професорите, родителите и присутните гости, ги покажаа своите активности сработени во текот на целата училишна година. Директорката на гимназијата Мирјана Докоска рече, дека ова е еден одличен пример како треба учениците работно да се ангажираат, како помалку време би имале за вон предметни активности.
Учениците со задоволство се подготвувале за образовното рандеву. „Секој на свој начин беше ангажран и секој сакаше со по нешто да допринесе за овој ден“, вели Докоска. Таа додава дека учениците поттикнати од желбата добро да се претстават пред јавноста, сами и кореографски се подготвиле. Докоска рече дека во рандевуто биле вклучени и неколку други образовни установи од Охрид и Струга.
Образовно рандеву утре ќе има и во Скопје, најави Докоска. Покрај претставување на активности од научно образовен карактер, рандевуто беше збогатено и со културно уметничка програма подготвена од учениците на 5тата приватна гимназија. На овој настан учениците добија и благодарници за своите заслуги.
{loadposition content9}