Од септември стартува со работа Општинското основно музичко училиште во Струга
Во тек се подготовки на училишните простории кои ќе бидат во склоп на средното музичко училиште, Наскоро ќе има избор на в.д директор, наставници и оглас за пријавување на ученици.
Министерството за образование, после две години од поднесеното барање од страна на општина Струга, во март годинава даде дозвола за отпочнување на образовниот процес во Основно општинско музичко училиште.
Ова училиште планирано е да обезбеди основно музичко образование со тоа што ќе им овозможи на надарените учениците да учат , да се усовршуваат и да свират на музички инструменти. Основното музичко училиште ќе биде во склоп истиот објјект, каде работи и средното музичко училиште во Струга.
„ Задоволни сме и горди со тоа што успеавме во оваа намера и веќе одма пристапивме кон избор на в.д директор за основното музичко училиште и до септември ќе имаме и соодветно место и соодветни избрани професори по музичко а со тоа ќе дополниме и една празнина која беше потребна во овие краеви“, вели Рамиз Мерко градоначалник на општина Струга.
Од 2007 година во Струга успешно работи Средно музичко училиште како дисперзиран образовен објект на тетовското музичко училиште „Тодор Скаловски – Тетоец“.чиишто ученици секоја година совојуваат награди на државните и меѓународните натпревари. .Во него учат музички талентирани ученици од целиот регион, Струга Охрид, Вевчани, Дебарца, Кичево и Дебар.
„Тоа школо работи со полн капацитет. Секоја година се запишуваат доволен број на ученици значи изгледа дека овој крај е музички крај токму затоа се наметна потребатта од Основно музипчко училиште тоа го направивме по барање на родители и ученици кои имаат талент за музика“ , додава Мерко
Наскоро ќе биде објавен и оглас за пријавување на ученици за учебната година 2021/2022, а во тек е избор и на в.д директор.