Skip to main content

Одложено судењето против струшкиот градоначалник Мерко за набавката на луксузниот автомобил 

Се одложи закажаното судење против струшкиот градоначалник Рамис Мерко за набавката на луксузниот автомобил  Ауди А6. Одлагањето е по барање на адвокатот на обвинетиот, кој побарал време да се запознае со предметот. Во Основниот суд Струга наизменично ќе се водат два судски процеси против градоначалникот Мерко.
 |  инфодеск  | 

Во Основниот суд Струга се одложи главната расправа против градоначалникот Рамис Мерко за набавката на луксузниот автомобил од марката „Ауди”.  Во судницата не се појави ниту Мерко, ниту бранителот. Одлагањето е по барање на адвокатот на обвинетиот, кој побарал увид во доказите..

Основното јавно обвинителство  за гонење на организиран криминал и корупција на 01 март годинава, поднесе обвинение „злоупотреба на службена положба” со набавка на  автомобил „Ауди”, вреден 67 илјади евра, а претходно во 2020 година Антикорупциската комисија поднесе иницијатива за кривично гонење на струшкиот градоначалник.

„Ние ќе ја докажуваме нашата теорија на случајот прептоставувам одбраната нивната така да на крај судот е тој што ке одлучи што навистина се случило. Ние сметам дека има дело, ќе го поддржиме обвинителниот предлог поднесен од ОЈО Скопје”, истакна  Никола Јолески јавен обинител во ОЈО Струга  

Бранителот на Мерко, вели не ги добиле доказите за да подготват обрана, токму затоа барале одлагање на судењето.

„ Целта не ни е да го одлагаме целта ни е кога ќе ги погледнеме доказите на обвинението да спротиставиме докази на одбараната со кои ќе ги испориме и ке доакажеме дека не псотои никаква одговорност кај градоначалникот”, изјави  во телефонска изјава Игор Петковски бранител на Мерко.

Во Основниот суд Струга наизменично ќе се водат два судски процеси против градоначалникот Мерко. Второто дело за  незаконско именување на директор во ОУ во Лабуништа влегува во судница на 22 мај годинава.

Во обвинителство против струшкиот градоначалник има 16 дела, две од нив завршија со обвинителен предлог. Од 2006 низ рацете на обвинителите поминале 30 дела, 14 од нив застареле.

Новинар: Соња Рилковска