Skip to main content

Основен суд во струга

Одложено судењето за случајот со родилката Јилдиз

На обвинителна клупа требаше да седнат лекарот гинеколог Мухамед Асани и уште двајца негови колеги, но тие не се појавија во судницата.
 |  инфодеск  | 
Јилдиз Веаповска

Струшкиот судија Ади Усеини го одложи денешното рочиште во Основниот суд во Струга во кое требаше да им се суди на тројца лекари од струшката болница за лекарска грешка за случајот со родилката Јилдиз Веаповска од Дебар.

На обвинителна клупа требаше да седнат поранешниот директор на болницата и лекар гинеколог Мухамед Асани и уште двајца негови колеги, но тие не се појавија во судница поради презафатеност на еден од нивните адвокати.

Обвинителството на почетокот на мај поднесе обвинение за тешки дела против здравјето на луѓето, затоа што пред две години при породување со царски рез, Јилдиз Веаповска остана без матка, јајник и бубрег.

За ова кривично дела се предвидува максимална затворска казна од 5 години.

Судијата Усеини не соопштил кога ќе го закаже следното рочиште, рекол дека дополнително писмено ќе ги извести странките.