Skip to main content

Вевчани

Одобрен проектот Кон енергетски ефикасни општини

Изработивме проект за поставување на фотоволтаична централа со вкупна номинална моќност од 80 kWp на објектот на пречистителната станица за отпадни води во Вевчани, информира градоначалникот Кочовски.
 |  инфодеск  | 
Проект Вевчани

Огромниот пораст на цената на елеткричната енергија е еден од главните проблеми со кои соочуваат општините, јавните комунални претријатија и бизнис секторот. Како одговорна локална самоуправа превземаме конкретни мерки и активности за ублажување на ефектите од енергетската гриза. Изработивме проект за поставување на фотоволтаична централа со вкупна номинална моќност од 80 kWp на објектот на пречистителната станица за отпадни води во Вевчани, информира градоначалникот на Вевчани, Спасе Кочовски.

Со изработениот проект конкуриравме на објавениот конкурс за спроведување на мали проекти од областа на енергетиката климатската заштита и транспортот за општини и градови, како дел од активностите на проектот „ЕУ за енергетска транзиција: Пакт на градоначалници во Западен балкан и Турција, заеднички кофинансиран од Европската унија и Германското федерално министерство за економска соработка и развој. Проектот го спроведуваат GIZ во Западен Балкан и CPMA во Турција.

Проектот на општина Вевчани „Кон енергетски ефикасни општини“ е избран за победнички проект и ќе добие техничка и финансиска поддршка за негова реализација.

Континуирано и посветено работиме на подобрување на енергетската ефикасност и заштеда на трошоци за електрична и топлинска енергија во јавните објекти. Во тек е подготовка на нови проекти за енергетска ефикасност на јавните објекти во општина Вевчани, а во буџетот на 2023 година ќе се планираат средства за отпочнување на постапка за изградба на фотоволтаична централа со номинално моќност до 1МW, додава Кочовски.