Skip to main content

Охридски бебиња, ама „стружанчиња“

Струшкото гинеколошко одделение работи со полна пареа. Обемот на работа во овој одел 100% е зголемен поради приливот на охридските родилки, кои пак поради реконструкција на општата болница во Охрид, се породуваат во Струга.

 |  Билјана Николовска  | 
ginekologija Struga
Гинекологија Струга

Одделението за гиникологија во Струга работи со двојно поголем капацитет од вообичаено. Бројот на  родилки кои се породуваат во Струга е дури за 100 % зголемен поради реконструкција на општата болница во Охрид. Двојно повеќе има и стручен кадар. Останува исти само просторниот капацитет за кој со сигурност не може да се каже дека е доволен за да ги задоволи потребите на родилките од Струга, Охрид и Дебар. За ова е свесен и првиот човек на струшката општа болница Ментор Ибраими, кој сепак е оптимист дека ќе издржат една година со вакво темпо на работа.
На гиниколошкото одделение затекнавме работна атмосфера. Очигледно гиниколозите го даваат својот максимум за да се справат со зголемениот обем на работа. Бројните гласини дека родилките се отпуштаат само со 24 часовен престој во болницата Др Станислав Буклиоски ги отфрли и рече дека се е под контрола
Ginekologija Struga

Охридските гинеколози одлично се вклопиле во струшката средина. Др Охридија Филева е изненадена од гостопримството на овој оддел. Таа вели дека се добро прифатени и дека нема разлика во нивниот ангажман на туѓ терен. Филева апелира до охридските родилки да ги разберат приликите и да бидат потолерантни. Додаде дека сите ќе бидат максимално третирани и нема место за никаква тензија. Но, останува фактот дека охридските мајки се приморани да раѓаат деца во Струга.
Очигледно дека одделението за гинекологија во Струга работи со полна пареа. Податоците само за месец септември го покажуваат тоа. Минатата година во месец септември имало 67 раѓања, додека пак годинава до сега таа бројка е 104. Се очекува и во наредниот период бројките на раѓања да се зголемуваат дури и за 100%, додека не се изгради новото современо гинеколошко одделение во Охрид, а до тогаш со среќа.

{loadposition content9}