Skip to main content

СВР Охрид

Охриѓанец со пасат се судрил со прилепчанец на мопед во Струга

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило лицето на мопедот.
 |  инфодеск  | 
Полиција

На 13.06.2023 во 12.45 часот, во полициската станица Струга пријавено е дека на ул.„ЈНА„ во Струга се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат” со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Л.(39) од Охрид и мопед со струшки регистарски ознаки, управуван од М.Д.(44) од Прилеп, со место на живеење во Струга. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Д. констатирани во Специјална болница “Св.Еразмо” во Охрид.  Увид иззврши увидна екипа од полициската станица Струга.